„Климатските промени, ои во наредниот период особено ќе го погодат подрачјето на Западен Балкан, бараат систематски, заеднички и стратешки пристап, превземање на конкретни мерки и акции. Сите овие активности не значат само трошок за државите, туку и шанса за развој базиран на “зелени“ програми и проекти. “ Ова меѓу останатото е заклучено на министерската конференција „Регионални активности за борба против климатските промени на Западен Балкан“ која се одржа на 5ти и 6ти април во Тирана. Во рамките на конференцијата претставени се различни аспекти на климатските промени од научно и експертско гледиште.
Усвоената декларација за „Заедничка мапа на патот на земјите на Западен Балкан – Забрзување на пристапот до финансирање во областа на климатските промени“, претставува почеток на развивањето на заедничките проекти во секторите: енергетика, сообраќај, земјоделство, водостопанство и отпад.