Американскиот софтверски гигант Microsoft и германскиот BMW стартуваат нов заеднички проект. Имено, тие сакаат да ја зголемат ефикасноста на линиите за монтажа, поврзувајќи различни производители во автомобилската индустрија. Идејата за проектот компаниите ја соопштија на минатонеделниот саем во Хановер (Hanover Messe 2019). Се работи за нова индустриска платформа за производство наречена Open Manufacturing Platform, или OMP. Базирана е на Azure IoT cloud платформата на Microsoft, која BMW веќе ја користи за управување со над 3.000 машини во 30 производствени и линии за монтажа во своите фабрики ширум светот. Крајната цел е креирање на smart factory.