Властите на Етиопија присилно ги иселуваат жителите на југот на земјата за да ослободат простор за плантажите за шеќерна трска. Притоа, иселени се половина милион луѓе од долината Омо на југот на Етиопија, иако оваа територија е под заштита на УНЕСКО. Производството на шеќер кој се извезува е главен приход на Етиопија, но земјата е една од најсиромашните во светот.
Извор: Human Rights Watch