Насловна / Вести / Меѓу најголемите загадувачи во ЕУ во 2018 година, се најде и една авиокомпанија

Меѓу најголемите загадувачи во ЕУ во 2018 година, се најде и една авиокомпанија

Нискобуџетната авиокомпанија Ryanair, минатата година стана еден од најголемите загадувачи во Европа, а за прв пат станува збор за компанија која не е термоцентрала на јаглен, покажуваат податоците од Европската комисија. Податоците кои ги собрала истражувачката група Transport & Environment од Брисел, покажуваат дека Ryanair емитувал 9,9 мегатони  CO2 во 2018 година, со што авикомпанијата стана десети најголем загадувач. Термоцентралите – од кои седум во Германија,  ги претставуваат останатите 9 во топ10. Најголем емитер на стакленички гасови е полската термоцентрала на јаглен Белхатов, втората по големина светска електрана на фосилни горива. Од ова рангирање се исклучени земјите кои не се членки на ЕУ.

ryanair1

ryanair3

ryanair4

 

Испрати коментар

Scroll To Top