Во близина на Брвеница, започна последната фаза од изградбата на далноводот Вруток-Полог Тетово, со кој Полошкиот регион ќе добие поквалитетно и постабилно снабдување со електрична енергија. Според термин планот се очекува целосно завршување на работите во септември. Со новиот далновод се очекува да се решат проблемите во напојувањето со електрична енергија во овој регион.
Од МЕПСО најавуваат дека наскоро ќе започне изградба на нов 110 киловолтен далновод на постоечката траса Скопје-Југохром-Тетово, во должина од 49 км.