Одделението на архитекти при Комората на овластени архитекти и овластени инженери одржа состанок со точка на дневен ред Законот за постапување со бесправно изградени објекти.
По одржаниот состанок одделението го донесе следниот заклучок:
– Законот да се повлече како таков и да се преработи како дел во Законот за градба
– овој закон би направил додатни проблеми во урбанистичкото планирање
– со легализацијата на уште бесправни згради, тотално се занемарува еколошкиот аспект во поглед на загаденоста на воздухот,
– Законот уште повеќе потикнува градба на бесправни градби, со неконтролирани габарити, висини
– Законот создава нееднаквост на граѓаните, бидејќи во нивното соседство може да се изгради било каков објект, без да постои обврска да бидат обавестени, ниту дава можност за реакција, а со тоа може и нивниот имот да биде девалвиран од повеќе аспекти.