Опкружена со езеро, убави градини и пространа ливада, Хемпшир куќата во Англија е хармонично вградена во овој амбиент, земајќи ги најдобрите, убави погледи и слобода на просторот.
Проектот на оваа импозантна куќа од 1.250 квадратни метри е потпишан од студиото Niall McLaughlin Architects, кој уште од влезот се гледа на подигнатата земја како едноспратна структура. Сепак, со спуштање низ уредениот дрворед се отвора полн поглед на двоспратен објект кој е организиран како систем на споени волумени.
Фронталната страна на куќата во сите свои зони на најдобар начин го користи погледот од опкружувањето, а сегментите на двојна спратна висина , покрај затворениот базен и кујната, насочени се кон секојдневните настани и активности на семејството.
Околу двоспратната кујна со монументален дизајн се одвива секојдневниот живот на станарот на оваа куќа. Централно поставените главни скалила на куќата изведени се во комбинација на камен и бетон и со својата масивност, но и едноставност доминираат во просторот и се примарен елемент на комуникација во домот.
Циркулационите области на првиот кат имаат поглед на централните настани на приземјето, односно базенот и кујната. Библиотеката, читалната, игралиштата и остатокот од куќата се направени преку употреба на дабово дрво како примарен материјал.
Надворешните дрвени ролетни сегментно ја пропуштаат природната светлина во собата, додека целосна темнина може да се добие со драперии. Архитектите на студиото Niall McLaughlin Architects внимавале материјалите што се користат во внатрешноста и надворешноста да се во согласност со животната средина. Во внатрешноста, конструкцијата изведена од комбинација на бетон и челик, на таванот е покриена со дабови греди, а ѕидовите се во комбинација од истото дрво.
Хармонична визуелна релација на надворешноста се постигнува со примена на светол камен и префабрикувани бетонски елементи, како и даб, кој на фасадните елементи не е дополнително третиран со цел со тек на време да добие сребрено-сива боја.