Насловна / Вести / Што значи „ефектот на коктел“ во европските води, и зошто тој е здравствена закана?

Што значи „ефектот на коктел“ во европските води, и зошто тој е здравствена закана?

Новиот извештај на Европската агенција за животна средина (EEA), укажува дека и покрај успешното решавање на проблемите со најопасните хемикалии во водите, треба да се обрне внимание на „ефектот на коктел“ односно мешањето на различните хемикалии чија концентрација во европските езера, реки и други површински води, е мала поединечно гледано. Добар хемиски статус има само една третина од европските води. Во последните децении активностите насочени кон намалување на количините и спречување на контаминацијата со хемикалии на европските води, даваат резултати, благодарение првенствено на прописите на ЕУ, истакнува извештајот на ЕЕА под налов „Хемикалиите во европските води“. Сепак, борбата против живата и бромираните успорувачи на пламен, како и уште многу други опасни хемикалии кои не се приоритет за мониторинг во склоп на Директивата за води на ЕУ, и натаму претставува сериозен предизвик.

cocktail effect2

Целта на извештајот е подобро да се разбере кои хемикалии и натаму претставуваат сериозна опасност по животната средина, посебно кога тие се присутни во водите, и како да се унапреди контролата. Извештајот нуди преглед на информации за загадувачите чие присуство се мери при утврдувањето на квалитетот на водите. До површинските води хемикалиите стигнуваат на различни начини: индиректно преку водухот, и директно да се испуштаат во водите од страна на индустријата или земјоделскиот сектор. Веќе со години е познато дек некои хемикалии како металите или постојаните органски загадувачи (пестицидот линдан, на пример) претставуваат опасност. Но, постојано се појавуваат и нови хемикалии – пестициди или лекови, кои исто така претставуваат опасност, без разлика дали с епојавуваат во одредена средина поединечно или во комбинација.

cocktail effect4

Извештајот предупредува дека најголемата опасност доаѓа од микро загадувачите и т.н „ефект на коктел“ кога поединечно хемикалиите можат да бидат застапени во безопасна количина, но нивната мешавина да предизвијка сериозна опасност по здравјето. Хемикалиите во површинските води можат да се мешаат со минералните соли и органските компоненти, како и со материите од канализацијата, одводот од земјоделството и другите отпадни води.

cocktail effect3

Во поголемиот број земји членки на ЕУ, само неколку супстанци придонесуваат за лошиот хемиски статус на водите. се истакнува дека живата која во минатото масовно беше користена во производство на термометри и батерии, и натаму се открива во примероци од водите, додека денес главен извор на загадувањето на водите со жива се термоцентралите на јаглен.

 

Испрати коментар

Scroll To Top