Франција е позната по замоци и историски објекти ширум земјата, но кога еден човек ќе ја изгради својата резиденција во ренесансен стил, на прекрасна локација на јужниот брег, судот одлучил дека објектот мора да се сруши бидејќи е изграден нелегално.
И така додека ние легализираме и тоа некаде и за едно евро и се натегаме околу продолжувањето на овој закон, на трговецот со недвижности Пјер Дитер во чива сопственост e објектот во близина на Грас во јужна Франција, судот му дал рок од 18 месеци да ја сруши градбата, а му се заканува и парична казна од 200.000 евра, преносува Си-Ен-Ен.
„Господинот Дитер е обвинет дека градел на заштитено земјиште без дозвола, адаптирајќи ја куќата која постоеше тука во замок“, рекол Пјер-Жан Гори, државен обвинител на департментот Приморски Алпи.
Дитер на тој имот од обична куќа изградил резиденција со повеќе градби, 18 апартмани, базен, фонтани, градини и две места за слетување на хеликоптери, имот вреден 57 милиона евра.
Една од градежните компании која учествувала во работите веќе е казнета со 200.000 евра, а друга са 50.000 евра.
Господинот Дитер да живееше во околината на Матка на пример или било каде во земјава ќе ги немаше овие проблеми.