Простирајќи се во цикцак правци преку атриумот на Факултетот за физика Anne-Marie Edward на кампусот Quebec, во близина на Монтреал, оваа портокалова „скулптура“ претставува основна вертикална комуникација помеѓу шесте нивоа на објектот, проектиран од канадското студио Saucier + Perrotte Architectes.
Живата и доминантна портокалова нијанса е единствениот колорит кој го надополнува монохромниот израз на ентериерот, организиран во волумен со прекршен облик.
Природното опкружување суптилно се влева во фоајето на објектот, станувајќи составен дел од топографијата на ентериерот, што постепено се трансформира во колоритна вертикална циркулација која ги поврзува различните оддели на факултетот.
Импозантното скалишно јадро и елементите за седење што го дефинираат „стожерот“ на внатрешноста ги преплетуваат живите нијанси низ објектот, додека наклонетата челична северна фасада и црвеникавите површини од тула се рефлектираат на старата обработка од тула и плочки.
Останатиот дел од фасадната обработка е целосно изведен во стакло со различен степен на транспарентност, откривајќи го скалишниот простор кон надворешноста и останатиот дел од кампусот, истовремено задржувајќи ја приватноста во предавалните и лабораториите.