Насловна / Вести / Статусот на водите на Охридско Езеро ќе ја одреди иднината

Статусот на водите на Охридско Езеро ќе ја одреди иднината

Ohridsko_Ezero_(15)
Претставници на Хидробиолошкиот завод од Охрид и на министерствата за животна средина на Македонија, Албанија и на Црна Гора во Тирана разговараат за заштита на биодиверзитетот на езерата во Дримскиот басен.

На средбата, што се одржува со поддршка на Германското друштво за соработка, се презентираат последните наоди од заедничките анализи на флората и фауната на Охридското Езеро и новоусвоената легислатива усогласена со Рамковната директива на Европската Унија.

Како што појасни претставникот на Македонија во билатералниот Секретаријат за заштита на Охридско Езеро, Дејан Пановски, на состанокот се истакнати предизвиците кои се исправени пред напорите за одржување на статусот на водите на езерото, како што се ситуацијата со притоките пред се Сатеска и Грашница, како и состојбата со колекторскиот систем за заштита на езерото и статусот на водните живеалишта.

ohridsko_ezero
– Признале или не, ние сме директно врзани со состојбата на езерото. Статусот на водите пред се во Охридското езеро ќе ја одреди иднината на градот и регионот. Ако ја сочуваме состојбата барем на сегашно ниво и градот и регионот ќе може да планира иднина и развој. Доколку се наруши статусот на водите, ќе опадне и интересот за Охрид, ќе заврши убавата приказна што дополнително негативно ќе влијае и врз економската состојба и врз емигрирањето од градот и регионот, изјави Пановски.

Се очекува од проектот што се однесува на трите езера од Дримскиот басен – Охридско, Преспанско и Скадарско, во финалниот извештај да ги дефинира состојбите и статусот на водите и биодиверзитетот, да се изврши иницијалната категоризација на езерата и да ги трасира насоките за идните одлуки што ќе ја детерминираат иднината на регионот.

Испрати коментар

Scroll To Top