Белград може да се пофали со голем број на убави и дизајнирани ресторани, барови и големи клубови. Еден таков нов простор, којшто по своето промовирање стана многу брзо собиралиште за младите од белградската урбана сцена која ужива во добра денс музика од локалните ди-џеи е барот „Лудост“ на улица „Караѓорѓева 44“. За угодниот просторен амбиент и целиот ентериер заслужен се луѓето од архитектонското студио „Флуид“.
Според архитектите, основниот концепт била имплементација на ентериер во рамките на постојната структура од тула, со акцент на „домашно“ чувство и посебно на топлото „амбер“ осветлување, постигнато со и со помош на различните видови дрвени фурнири на „големиот лустер“. Тематското третирање на дрвото е доследно спроведено преку различни функции и елементи во ентериерот.
Благодарение на комбинацијата на дрво и тула, целиот амбиент зрачи со топлина, а дискретното и пријатно осветлување обезбедува пријатна атмосфера.