Насловна / Архитектура / Ексклузивна термална бања

Ексклузивна термална бања

terminalna banja vo avstrija_8
Aqua Dome Therme е бања вгнездена во импресивен планински пејзаж до австриското гратче Лангенфелд. Архитектонски облик на бањата користи криви агли и конусни форми за да го отслика своето планинско опкружување.

Бањата нуди сместување за 350.000 посетители годишно и е дизајнирана да биде еден вид на репер во регионот, истовремено обезбедувајќи им ја на своите гости познатата алпска атмосфера.

Конусен волумен ги поврзува трите базени, кои имаат облик на чинии и се чини како да лебдат во воздухот. Овие базени освен термална вода на капачите им обезбедува подводна музика како и специјални светлосни ефекти.terminalna banja vo avstrija_2 terminalna banja vo avstrija_3

Просторот за рекреација вклучува конвенционален базен  долг 25 метри како и посебни базени и содржини за помали деца.

Базените ја извлекуваат термалната вода од природниот резервоар кој се наоѓа 1.865 метри под површината на земјата.

terminalna banja vo avstrija_4 terminalna banja vo avstrija_5 terminalna banja vo avstrija_6

Хотелот во рамките на бањата има сместувачки капацитет од 200 соби, а во него, исто така, се наоѓа и комплекс сауна и соби за конференции и семинари.

Материјалите што се користени во изградбата на оваа импресивен комплекс се локални – главно дрво и камен. Употребата на дрво и камен е присутна како во ентериерот, така и во екстериерот и ја одразува атмосферата на едно од најексклузивните алпски одморалишта.

terminalna banja vo avstrija_7 terminalna banja vo avstrija_5 terminalna banja vo avstrija_1

Испрати коментар

Scroll To Top