Насловна / Екологија / Ревизија на листата на супстанции кои се користат во козметиката

Ревизија на листата на супстанции кои се користат во козметиката

Farmers_Centre_Place_cosmetics_2013
Големите европски производители на парфеми и природна козметика ќе мора да го променат составот на своите производи, доколку се усвои предлогот на  Европската комисија за ограничување или забрана на употребата на одредени состојки. На 13 февруари Комисијата покрена јавна расправа за измена на прописите, со цел намалување на ризикот од алергии на кожата, од кои страдаат околу 15 милиони луѓе во Европа. Со овие измени ќе бидат погодени и некои многу познати парфеми, како на пример Шанел 5.

Листата на супстанции кои се користат во козметиката не е ревидирана 10 години, па Европската комисија побара мислење од Научниот одбор за безбедност на потрошувачите. Токму ова тело потврди дека три алергени кои се користат во козметиката не се безбедни. Тие се наведуваат како причинител на бројни алергиски реакции, и особено на егземот. Се предлага и употребата на 12 состојки да биде ограничена, а дури 106 состојки ќе мора да бидат посебно напишани на производот.

Извор: EurActiv

Испрати коментар

Scroll To Top