Кинеската компанија Norinco и доставила на црногорската влада техничка и комерцијална понуда за изградба на осум каскадни хидроцентрали на реката Морача. Доколку траењето на концесијата за користењена реката биде подолго од 30 години, што е за очекување, одлуката за овој проект според Законот за концеси, ќе ја донесе Собранието на Црна Гора. Вкупната инсталирана моќност на осумте хидроцентрали 293,6 MW, со вкупно годишно производство од 894,82 GWh. Иако деталите од понудата се деловна тајна, се проценува дека вредноста на проектот нема да биде помала од 500 милиони евра.