Училиште кое е нулти потрошувач на електрична енергија. Образовен центар во кој природата е интегрирана во училниците. Виртуелна реалност наместо училишна табла. Светски примери на училишта проектирани за 21. век кои зачекориле со крупни чекори напред со цел на учениците да им се обезбеди сигурно место кое ќе ги припреми за живот во кој ќе ја почитуваат природната околина, а во исто време да им се понуди најдоброто што го пружа денешната технологија. Овие седум примери на училишта во светот можат да послужат како орјентир, како навистина треба да се градат новите образовни центри во нашата земја.
Скромно училиште
Училиштето Hoek во Zaventem, Белгија го потпишува бирото ЕBTCA architecten кое е проектирано така за да биде што поскромно, бидејќи е градено во постоечки парк. Сите дрвја на локацијата се задржани, а завземената зелена површина е надокнадена со зелени кровови. Со креирање на повлечени површини, овозможено е создавање на простор со тресет на подот како дел и на екстериерот и на ентериерот. Новоформираниот простор сега се користи за часови на отворено. Училиштето е изградено во најнеугледниот дел на паркот, што на паркот му дава нов агол и поквалитетен простор.
Пасивно училиште
Средното училиште Ayb во Ерменија проектирано е од Storaket Architectural Studio, како објект кој максимално штеди енергија. Иако се простира на површина од 4.200 метри квадратни и може да прими истовремено 240 ученици, ова училиште е толку енергетски ефикасно што е скоро пасивно. Го карактеризира натур бетонот и жолтата боја, која покрај тоа што се појавува на кружниот дел на фасадата ја има и во ентериерот.
Спорт на кров
Слободен простор за изградба има се помалку. Па така проектантите од бирото ARES architecten на средното училиште Deltion кое го проектирале во холандскиот град Зволе, спортскиот терен го сместиле на кров. Овој објект со 16 училници, разни кабинети за практично образование, вклучувајќи и работилница за сервисирање на камиони има и спортски терен со димензии 25/40 метри кој е сместен на кровот на висина од 12 метри. Теренот е опкружен со перфорирани ѕидни панели кои служат и како физичка бариера и како ограда.
Модуларна градба
Ова училиште во Германија изградено е многу брзо и за многу малку пари. Проектот на училиштето Munich Learning House го потпишува бирот Wulf Architekten, кое заедно со инвеститорите се определило за модуларен систем на градба. Ваков начин на проектитање и изградба условил едноставна организациона шема со училници надодадени една над друга кои меѓусебно се поврзани со коридори. Меѓутоа, за да се избегне монотонија и репетитивност, архитектите примениле засведени таваници кој во ентериерот внеле доза на динамика.
Училиште во амбар
Теоријата и праксата се одлично споени во ова училиште кое се потпира на прекрасното природно опкружување. Средното училиште Voss во Норвешка изградено е по проект на AART architects и Nordic Office of Architecture со идеја кај учениците да се создаде врска со природата и архитектонското наследство. Поради тоа ова енергетски ефикасно училиште изгледа како традиционална фарама со амбари и стаи за стока. Меѓутоа, тоа не значи дека ова училиште не оди во чекор со времето. Всушност во ова училиште се применуваат најсовремени методи на учење и наставни сретства од 21 век.
Зелено училиште без ПВЦ
Овој ненаметлив објект се наоѓа недалеку од Париз, проектот на бирото Richard+Schoeller сака максимално да ги испочитува околните ѕидини на тврдината. Поради тоа е избрана бетонска конструкција која е извдена така да ненаметливо формира училници и заеднички простори. На врвот на објектот е засадена трева која додатно го камуфлира објектот. За да се испочитуваат строгите еколошки барања, ова училиште има јаглен остисок од 250 eqCO2/m2, а за да се добие поквалитетен воздух во училниците нема материјали од ПВЦ.
Учење во комуна
Училиштето IJburg во Амстердам го проектирало бирото Atelier PRO, како модерна градба со алуминиумска фасада во златна боја која е во хармонија со околните градби иако е hitech. Меѓутоа срцето на објектот го претставува централниот коридор со мрежни скали кои се капе во светлина и воздух. Пространиот атриум, кој ги поврзува сите училници е место каде учениците и наставниците се среќаваат, а сето тоа за да се поткрепи мотото на училиштето кое гласи: „Учите во образовни комуни“.