Стариот бетонски бункер во Хамбург од Втората светска војна, доби нова намена. Целиот објект е преуреден во енергана која користи обновливи извори на енергија. Компанијата Hamburg Energie во соработка со IBA Hamburg ја направи неопходната реконструкција, и со тоа овозможи производство на електрична и топлинска енергија за околните згради. За производство на топлинска енергија се користат следните топлински извори: сончева енергија, биомаса, дрво и отпадна топлина од блиската индустрија. Покривот на овој објект е покриен со фотоволтаични модули кои произведуваат електрична енергија за потребите на еден кварт во градот веќе цела година. Постои и дел наменет за посетители, со пријатен амбиент и кафуле.
Извор: dezeen.com