Куќата во Варна (Бугарија) проектирана од њујоршката фирма Игњатов архитект за бизнисменот Џорџ Бонин е конципирана како дрво. Се состои од плодна внатрешна градина (круна), централна носечка структура (стебло и гранки) и изменувач на геотермална енергија (корења). Куќата на бизнисменот Џорџ Бонин што се наоѓа во Варна, претставува обид за интерпретација на современата архитектура во една рурална средина.
Концептот на ова дело на проектантите од њујоркшката фирма Игњатов архитектс во Варна, се фокусира на развивање на архитектура инспирирана од дрвјата што растат слободно. Покрај вообичаената програма на домување, просторот во Домот на дрвото се состои од три интегрални делови кои ги содржат и вистинските дрвја: плодна внатрешна градина (круна), централна носечка структура (стебло и гранки) и изменувач на геотермална енергија (корења). Системот е иновација на проектантите од њујоршката фирма Игњатов архитектс. Тој работи во согласност со природниот прототип – стаклените фасади и соларните панели ја користат сончевата светлина, додека скриените олуци ја одведуваат дождовницата од покривот и ги наводнуваат растенијата што растат на него. Домот на дрвото ги следи следните пет принципи на проектирање: приспособливост (куќата се приспособува на теренот, без да го менува), интегритет (архитектурата, структурата и услужниот систем работат заедно, функционално и естетски поврзани меѓусебно), ефикасност (конструкцијата и одржувањето бараат минимални материјали и енергија), независност (објектот е самоодржлив преку употреба на обновливи енергетски системи и рециклирање на отпадот) и изводливост (користи зелена стратегија која се исплатува за 10 години од нејзиното користење). Концептот на Домот на дрвото може да биде применет во реалниот живот во два случаи – како Голем Дом на дрвото (главна куќа) и Мал Дом на дрвото (гостинска куќа)
Ангел Ситновс ки, дипл.инж.арх.