Моделот што сè уште е во фаза на тестирање е главен конкурент на Боинг 787 Дримлајнер. Ербас досега го тестирал овој авион во сите временски услови и подрачја од Канада, преку Ла Паз, Боливија па сè до Блискиот Исток. Овој модел е еден од најпознатите во светот во однос на енергетската ефикасност, благодарение на заштедата на гориво.
Внатрешноста на овој модел исто така е подобрена во однос на претходните, а направено е пошироко растојание помеѓу седиштата, што ќе им овозможи на патниците поголем комфор.