Францускиот уметник Bruno Catalano создава извонредна серија на примамливи бронзени скулптури наречени “Les Voyageurs”, кои ги прикажуваат реалните човечки животи со големи недостатоци на делови од тела. Тој создава прекрасни и нестварни скулптури кои ја симболизираат празнината која настанува во човекот кога е присилен да ја напушти својата земја, својот живот, своите пријатели…од било која причина. Скулптурите се вешти уметнички дела, а нивните недостатоци ги прават уникатни. Тие оставаат и простор за имагинација – дали пропуштаат нешто, или е нешто што едноставно го оставиле зад себе. Она што е особено импресивно е дека некои од скулптурите се чини дека стојат на многу мала потпора, давајќи им и надреални изглед.