Насловна / Вести / Ќе се обноват витражите на Македониумот во Крушево

Ќе се обноват витражите на Македониумот во Крушево

rsz_krusevo-makedonium-gessato-gblog-5
Македониумот на Гумење во Крушево, ќе биде заштитен со пари од Министерството за култура, пишуваат македонските медиуми. Предвидено е годинава да биде поставена метална ограда, со што ќе се заштити споменичната целина. Реализацијата на проектот ќе се одвива во неколку фази, а ќе се спроведува преку историскиот музеј „Крушево“ и Заводот и Музеј – Прилеп.

Како што велат од Министерство за култура, Заводот и Музеј – Прилеп ќе изработи проект со кој ќе се заштити витражот на четирите галерии од куполата на споменикот „Илинден“, кои го презентираат македонското народно и духовно творештво. Во рамките на проектот е предвидена и изградба на потпорен ѕид покрај кој ќе се формира дрворед со осветлување. Ќе биде решен и проблемот со навлегувањето на водата од четирите факели на слободата во форма на четири црешови топчиња при поројни дождови или поголеми снежни врнежи. Планирано е да се постави сензорска внатрешна врата, која ќе ја регулира температурата во внатрешноста на споменикот и ќе ја заштити внатрешноста од навлегување влага, инсекти и влечуги.

Во рамките на оградениот простор на споменичниот комплекс влегуваат петте составни дела од споменичната целина: платото, почетокот на комплексот насловен „Раскинато ропство“, каде што се наоѓаат пет пранги што го симболизираат петвековното ропство на Македонија во рамките на Османлиската Империја, импровизираната гробница во која се претставени 58 топовски цевки (црешови топчиња), училницата (местото каде што работело Горското началство на чело со Никола Карев) и куполата во форма на боздоган каде што се сместени и останките на Никола Карев.

Испрати коментар

Scroll To Top