Насловна / Арт и дизајн / Ноќ на идеите утре во Скопје

Ноќ на идеите утре во Скопје

Утре, со почеток во 18 часот, во Францускиот институт во Скопје  ќе се одржи манифестацијата Ноќта на идеите во Скопје, насловена „Како филозофијата ја гледа иднината“.

„Ноќ на идеите“ е меѓународна манифестација, која се одржува во сите Француски институт низ светот, на иницијатива на Францускиот институт во Париз и француското Министерство за култура и Министерството за надворешни работи, а претставува покана за отворен дијалог за запознавање со предизвиците наспроти кои денес е исправена науката, како и за размена на мислења околу актуелните проблематики на денешницата.

nuit-des-idees-centre

Ноќта на идеите во Скопје е замислена како дебата меѓу Делфин Морана Бирло, професорка на Универзитетот Париз 1 Пантеон Сорбона, и проф. д-р Ана Димишковска, професорка на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.
Дел од темите на кои ќе се разговара на оваа отворена дебата се предизвиците со кои се соочува филозофската мисла во 21-от век, местото на историјата на уметност меѓу минатото и иднината и за тоа како да им се даде поголема присутност на општествените науки во образованието. Дебатата е отворена за публика и за истата има обезбедено консекутивен превод.
Делфин Морана Бирло ќе земе учество и на Меѓународната недела на Филозофскиот факултет, која е во организација на Филозофскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржува од 11 до 15 февруари годинава.

Испрати коментар

Scroll To Top