Лифтовите во катната гаража „Тодор Александров“ со месеци се нефункционални, па граѓаните се приморани да обиколуваат и да бараат алтернативни начини да стигнат до своите возила.
Граѓаните со месеци се жалат на проблемот во оваа катна гаража. Велат, залудно ги трошат парите за паркинг кога основните работи како што е лифтот не работат.
Граѓаните бараат што поскоро да се поправат лифтовите а градските власти да бидат поажурни зошто граѓаните трошат пари за услуга која не ја добиваат.