Од 8 до 17 април годинава, во големата сала на Дом Омладине во Белград ќе се отвори регионалната изложба „Архитектура на маргините“, која ќе се состои од архитектонски цртежи и скици кои се направени во текот на креативните процеси на работа.
Ива Марисављевиќ
Идејата потекнува од потребите на архитектот да се покаже оној дел на работата кој не се гледа често и не се препознава кај веќе готовиот објект. Уредници на изложбата се Срѓан Гавриловиќ и Марко Стојановиќ, а изложбата е поддржана од страна на Здружението на српските архитекти.
Меѓу уметниците чии дела ќе бидат изложени се и Андреј Маркуш, Саша Буѓевац, Дарја Чоко, Дејан Миливојевиќ, Ѓорѓе Мандрапа, Милан Лојаница, Никола Милановиќ, Срѓан Гавриловиќ и други. Изборот на изложувачи беше направен преку јавен конкурс.
Срѓан Гавриловиќ
„Маргина е збор што обично значи ‘простор‘ во кој се наоѓаат луѓе или појави кои по својата природа, тема, карактер, стил или вкус не одговараат на сето она што се смета за вредно или актуелно за одредена околина, па и за архитектонската. Од друга страна , ние „маргина“ ја дефиниравме на сосема поинаков начин. Во буквална смисла, ливчиња од тетратки, тефтери, салфети, сметка или проектни документации на коишто настануваат некои интересни идеи“, вели Марко Стојановиќ.
Игор Куваќ
Неопходно е да се истакне вредноста на цртежот во архитектурата креација, која многумина ја игнорираат: „Цртежот е еден од најважните алатки во процесот на дизајнирање, бидејќи без него не постои ‘доказ’ дека архитектот размислувал за архитектура, туку само имплементирал некои архитектонски форми кои ги забележал во книги, списанија или на Интернет“, вели Стојановиќ, додавајќи: „Цртежот укажува на текот на мислата на архитектот и ‘раѓање‘ на идеја која својата материјализација ја доживува преку едноставен цртеж на хартија“.