Република Македонија работи на свое зачленување во НАТО и Европска Унија. Повисоки стандарди на работење, животен стандард, сигурен одржлив развој. Еден од условите е одржлив развој и во делот на енергетиката.
Сегашната состојба е дека многу електрична енергија се произведува од ЛОШ јаглен, многу гориме дрва за греење и си го труеме воздухот и многу увоз. Сиромаштија и без излез. Оти и тој јаглен ќе поскапи за некоја година бидејќи помалку го снемува тој ЕВТИН од површински коп. Другиот дел од економијата вели дека конкуренцијата на други животноважни продукти како храната , па и туризмот како гранка за опстанок е голема, значи тие гранки велат сакаме чист воздух и почва. Кажано математички: две непознати, а сè уште ниедна равенка – ни треба и чиста животна средина и чиста енергија. Единствената среќна околност е што живееме во 21-виот век. Технологии, стандарди, па и финансиски извори постојат. Но пред сè за она што ние како географија го имаме за користење, но и сочувување. ОДРЖЛИВО – значи користи, но не уништувај.
Случајно или не уште пред три години во Париз, некои наши министри од претходната Влада потпишаа Париски договор. Велат да се качиме и ние во возот за ЕВРОПА. Да видиме колку чини картата? Ако веќе во 2025 бидеме со некој вид на членство уште построго. Велат: еве ти пари ама построго да ги трошиш. Многу обвновливи извори на енергија + енергетска ефикасност, а што помалку фосилни горива. Но, да речеме дека имаме филтер за РЕК, освен тоа и гасот не загадува. ЕУ вели имаш CO2 емисија и плати си. Па што да трошиме како енергија? Во кружната економија (на англиски Circular Economy) тоа што е отпад, вишок од едниот дел на економија направи да биде суровина – ВЛЕЗ за другиот дел. Комунален отпад, отпадна биомаса од пилани, биогас од пречистителни станици, депонии и сточарски фарми. Тоа е малку. Имаме други видови од исплатливата, ВЕЧНО обновлива енергија, водени текови, сонце и ветер. Нивниот резултат „ВИШОК“ или тоа што ќе биде предадено на другите делови од економијата е чиста енергија, но ќе остане чиста почва и чист воздух, ќе има еколошка храна за ИЗВОЗ и екотуризам. Да почнеме со водата: Еве колку максимално електрична енергија може да произведе нашата хидрогеографија(малку загадочно на англиски):
Реки | Теоретски | Технички | Изградени | Изградени/Технички | Планирано |
GWh | GWh | GWh | % | GWh | |
Вардар над вливот на реката Треска | 1202 | 1084 | 488 | 45.02 | 140 |
Река Треска | 377 | 347 | 190 | 54.76 | 60 |
Кадина и Маркова река | 97 | 87 | |||
Река Пчиња | 265 | 201 | |||
Реки Тополка и Бабуна | 46 | 35 | |||
Река Брегалница | 270 | 205 | 17 | 8.29 | |
Река Црна | 1098 | 944 | 184 | 19.49 | 604 |
Река Бошава | 38 | 33 | |||
Главен проток на Вардар | 1454 | 1336 | 1336 | ||
ВКУПНО Вардар | 4847 | 4272 | 879 | 20.58 | 2140 |
Радика | 438 | 338 | 134 | ||
Црн Дрим | 710 | 548 | 513 | 93.61 | |
ВКУПНО Црн Дрим | 1148 | 886 | 513 | 57.90 | 134 |
ВКУПНО Вардар и Црн Дрим | 5995 | 5158 | 1392 | 26.99 | 2274 |
SHPPs | 671*) | 440**) | 76 | 17.27 | 197 |
ВКУПНО | 6.666 | 5.598 | 1.468 | 26.22 | 2.471 |
Неверојатни 5,5 TWh. А сега може да користиме максимум 1,5, под услов да е поволна хидролошка година. Ни требаат 10 TWh во 2050. Од каде оваа бројка? Авторот на овој напис, имаше среќа да учествува во европски проект каде се вршеше АНАЛИЗА во три сценарија за девет држави од овој дел на Европа, како МК, СР, БиХ, КО, Ал, Гр, БГ, Ро, ЦГ. Изработувачи беа неколку консултантски куќи како и Техничкиот универзитет од Виена. Партнер на проектот од Република Македонија беше МАЦЕФ од Скопје. Целна година 2050. Велат, во најеколошкото сценарио ќе ни требаат 10,5 TWh електрична енергија, и само 7 отсто или 800 GWh од фосилни горива, најверојатно природен гас. Остатокот треба да се обезбеди од ОИЕ. Еве како изгледа нивниот предлог: Ова е сликата на потребните капацитети по инсталирана моќност.
Потребната енергија по извори на енергија за да имаме најеколошко сценарио од 93 отсто
ОИЕ е претставено на следниот графикон:
Графиконот со енергија по видови ОИЕ се обидов да го преточам во бројчена табела.
Фантастични бројки од фантастичната иднина, само 7 отсто фосилни горива и тоа од најчистите. Еден летен врел ден со многу сонце, но и ветер се случува колизија, удвојување на капацитетите и од сонце и од ветер. Во ист час 12:00 на 4 јули 2050 имаме три влеза на електрична енергија и тоа од мали хидро 300 MW, ветер само 300 МW и сонце ФН 1600. За само еден час произведени од 2200 MW дури 2,2 GWh. А потребни се за 550 000 домаќинства 550 MWh, комерција и индустрија уште 1000 МWh. Тој фантастичен ден има вишок. За среќа има 100 хотелски СПА-центри и 100 илјади електрични автомобили кои како сунѓер додатно ќе потрошат енергија. Три вишоци, злато вредни за зимски услови, каде да ги СМЕСТИМЕ? Постоечкото технолошко достигање за тогашната идна состојба ни налага големи хидроцентрали со огромен капацитет. Затоа и тие огромни бројки на големи хидро-електроцентрали. И за среќа има доволно проекти на список на ЕЛЕМ. Но дали е тоа сè? Што ако нараснат потребите за чиста енергија заради проекти во туризмот и здравата храна. Како додатна енергија. Секако уште сонце и ветер. И пак прашање што во тој сончев преубав ден со уште поголемиот вишок? Затоа постои диспечерскиот центар на ОПЕРАТОРОТ (КВАЛИФИКУВАНО ПРАВНО ЛИЦЕ) кое управува со електроенергетскиот систем во државата, кое има свој возен ред на производство. Но покрај планот А, постои и резервен план Б доколку некој од влезните извори на енергија се зголеми.
Еве една варијанта на изменети услови или дисбалансна ситуација:
- 1. Опсег на ветер: 3,5 m/s-12m/s 10 %-80 % of 1100 MW= 700 MW * 3000h = 2,1TWh max
- 2. PV дневно 0-100 % , сезонски 1000MW-1600 MW, по пресметливо, дневен вишок 11-13,00 1600MW*2h*300дена = 0,96 TWh
- 3. Small Hydro 90 %-20 %=70 %*0,8TWH= 560 GWh
- Дисбаланс тип 1 од неконвенционалните ОИЕ max 3,6 TWh
- Дисбаланс тип 2 од конвенционалните ОИЕ – големи хидро:
- Варијации на тема: Големи хидро имаат задача да ги балансираат гореспомнатите 3,6 TWh, со добра хидрографија 4500 TWh и лоша 2300TWh. Решение – Увоз: 2 ,2 TWh што го покрива дисбалансот на големите хидро кога немаат вода. Но недостигаат 1,3 TWh да се избалансираат. Со вкалкулирани губитоци за пумпање (нагоре назад во горна акумулација) тоа е влезна ВИШОК енергија што треба да се смести (со губиток + 30 % или 1,7 TWh . На тој начин и водата ја спасивме да не истече – извршивме и ВОДНО балансирање. Како? Па вративме дел од ИСТЕЧЕНАТА вода назад, да ја има.
- Решенија: 1. Прво реверзибилни хидроцентрали: 1 пумпа од 100 MW или 10 x 10MW 1700 часа годишно.
Други решенија 2. Времето, технологијата даваат избор: „Водена батерија“ мала хидроцентрала со ветерна турбина. Чини 4E/W Овче Поле. Нема вода?А на Брегалница каскада? 10 x водени батерии?
Балансирање од страна на потрошувачка – можно решение 3. Нема губиток при пумпањето:
- 300000 E(lectric) V(ehicle) batteries x 10 KWh daily= 3 GWh daily x 365 = 1095 GWh /год. Battery Cap.
Сепак има решение во комбинација од решенијата. Слатки маки на идните генерации, а тешки на сегашната.
Автор: Панче Атанасовски, дипл.ел.инж., поклоник на „Смарт“ ОИЕ, ЕЕ
чиста храна, уште почиста вода