Насловна / Арт и дизајн / Bang & Olufsen еволуција на бежични слушалици

Bang & Olufsen еволуција на бежични слушалици

Брендот Bang & Olufsen повторно е во центарот на вниманието поради еден мошне возбудлив новитет…

1
Во прашање е Beoplay E8 2.0, како еволуција на првите бежични слушалици на овој бренд, кој доаѓа со неколку подобрувања во својот дизајн и интересни карактеристики за кои копнееа фановите на компанијата.

2
Како прво, Beoplay E8 2.0 ќе биде понуден со премиум кожна футрола за бежично полнење, која може да содржи дури три комплета на понење, дозволувајќи да се искористат до 16 часа константно репродукцирање на музика.

3

Футролата се полни со помош на постоље за бежично полнење со LED светло од предната страна кое неговестува во која фаза е полнењето, додека трите LED светла од задната страна укажуваат колку полнења таа содржи во себе.
Тука е и мал USB-C порт на футролата, доколку сакате да ги полните своите слушалици со помош на кабел и своето постоље за полнење. Како о кутијата и постољето е квалитетно, направено е од беспрекорни материјали, спојувајќи кожа со брушен алумниум на најдобар можен начин.

4
Покрај тоа, Beoplay E8 2.0 слушалиците во себе ќе содржат мал, но многу моќен динамичен звучник од 5.7 mm, со мал електромагнетен трансдуктор, NFMI технологија и Bluetooth 4.2 чип со напредно процесуирање на дигиталниот звук, кој дозволува истиот да се прилагоди со апликација достапна за Android и iOS системите.

5
Купувачите ќе имаат прилика да избираат помеѓу четири понудени бои: Black, Limestone, Indigo Blue и Natural и кога се работи за слушалките и за постољето.

6

Новите слушалки ќе се продаваат по цена од 350 долари со футрола за понење. Слушалките ќе бидат достапни за купување од 14. февруари, додека постољето за полнење и другите додатоци ќе бидат претставени во април годинава.

8

9

Испрати коментар

Scroll To Top