Насловна / Вести / Во Војводина ќе се гради најголемета ветерна електрана во Европа – Maestrale Ring

Во Војводина ќе се гради најголемета ветерна електрана во Европа – Maestrale Ring

Компанијата Fintel Energija A.D, донела одлука, во Војводина да започне со изградбата на најголемата ветерна електрана во Европа, Maestrale Ring. Одборот на директори на компанијата донел одлука за стартување на амбициозни проекти за изградба на нови ветерни паркови, меѓу кои се наоѓа и овој проект за најголем ветерен парк на континентот. Централата Maestrale Ring планирано е да има инсталирана моќност од 572 MW. Инвестицијата ќе биде во 100% сопственост на Fintel Energija, која успешно се појави на Белградската берза во ноември 2018 година.

Fintel Energija A.D. е пионер во производството на електрична енергија од обновливи извори на Балканот, каде работи веќе 10 години, и претставува еден од најсериозните инвеститори во оваа област во Србија. Во овој период има изградено и пуштено во погон два ветропарка во Србија, а го приведува кон крај и третиот (Кошава, фаза1).

fintel1

fintel2

fintel3

Испрати коментар

Scroll To Top