Насловна / Вести / Косово: SOWI планира вложување од 169 милиони евра во ветерна централа од 105 MW

Косово: SOWI планира вложување од 169 милиони евра во ветерна централа од 105 MW

Германско – косовската заедничка компанија SOWI, планира вложување од 169 милиони евра во изградба на ветерен парк со инсталирана моќност од 105 MW, во северната општина Митровица. Ветерниот парк ќе има вкупно 30 ветерни турбини. Министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрит Шала,  по овој повод изјавил дека „ова е година на економски развој, а оваа инвестиција ќе им обезбеди одржливо вработување на младите“.

Во мај минататa година, операторот на преносниот систем на Косово KOSTT  и компанијата  SOWI потпишаа договор за приклучување на планираниот ветерен парк Селаци 1, 2 и 3 на електричната мрежа.

По потпишувањето на договорот, KOSTT соопшти дека се очекува ветерниот парк со инсталирана моќност од 105 MW, кој ќе се наоѓа во северниот дел Бајгоре, во општина Митровица, да биде приклучен на мрежа во 2020 година.

sowi1

sowi2

Испрати коментар

Scroll To Top