Европската комисија соопшти дека со потполна имплементација на законодавството на ЕУ во областа на управувањето со отпад, ќе се оствари заштеда од 72 милијарди евра годишно, и ќе се отворат 400.000 работни места до 2020 година. Најновата фаза од кампањата на ЕК “Generation Awake” е насочена на еколошките, економските и социјалните последици од неодржливото користење на ресурсите.
Целта на кампањата е информирање на потрошувачите за ефектите од нивниот начин на користење на ресурсите, и укажување како тоа треба да се прави. Во фокусот на кампањата е сајт достапен на сите 24 официјални јазици на ЕУ.
Извор: Energyobserver