Наспроти укажувањата на бројните противници на ГМО храната, европските министри не се откажуваат од идејата да се одгледува новата генетски модифицирана пченка од типот ТЦ1507 на американската компанија „Пионир“. Противниците на ГМО храната не успеаја да добијат доволно поддршка за отфрлување на таа мерка. Во текот на спроведеното гласање не е постигнато мнозинство ниту „за“ ниту „против“. Разврската се очекува наскоро.
Расправата за и против одгледувањето на ГМО во последно време сериозно ја бранува јавноста во сите 28 земји на Унијата.
Извор: France Presse