Насловна / Вести / Потопената црква во Маврово – најубава напуштена црква во светот

Потопената црква во Маврово – најубава напуштена црква во светот

rsz_mavrovo2
Црквата „Св. Никола“, која се наоѓа во водите на Мавровско Езеро, е прогласена за најубава напуштена црква во светот од реномираниот интернет-медиум од САД “Huffington Post”.

„Вообичаено црквите се место каде верниците го наоѓаат својот душевен мир и служат за тивко размислување. Овие свети места се напуштени, а нивната внатрешност е тивка и празна. Сепак, тие имаат зачудувачка убавина која може да се види на фотографиите “, стои во коментарот на “Huffington Post”.

На оваа листа на престижниот медиум, веднаш зад Македонија се најдоа и други напуштени цркви од САД, Белгија, Камбоџа, Франција и Ирска.

Испрати коментар

Scroll To Top