Насловна / Вести / Презентација на постигањата од проектот БИМсерт во градежништвото

Презентација на постигањата од проектот БИМсерт во градежништвото

Институтот за истражувања во животна средина, градежништво и енергетика ИЕГЕ ги презентираше целите и резултатите од проектот БИМсерт како и значењето и придобивките од воведување на современиот професионален софтвер во градежништвото. Проектот БИМсерт е финансиран од престижниот европски фонд за иновативни проекти, Хоризонт 2020.

????

Настанот се одржа во Стопанска Комора, со учество на голем број владини претставници, претставници од бизнис секторот и академијата. За важноста на европски проекти од ваков тип, обраќање имаше вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, а   присуствуваше и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

IMG_20190204_101450

Настанот беше организиран во форма на отворена дискусија со присутните гости со цел да се дефинираат заклучоци кои ќе претставуваат иницијални насоки за дигитализација на градежниот сектор во насока на економска и енергетска ефикасност.

Building Information Modelling  претставува современ професионален софтвер наменет за примена во градежниот сектор, со кој се овозможува формирање на информациски модел на градбата. Проектот БИМсерт има за цел креирање на наставна програма за развивање на вештините на енергетска ефикасност и примена на еколошки подобни техники и материјали во градежништвото. Програмата ќе биде наменета за вработените во градежниот сектор, како и за инвеститорите и креаторите на стратегиите и правците во оваа стопанска гранка.

????

Утре, пак, од 9 до 11 часот, во просториите на Едукативниот центар на ИЕГЕ, ќе се презентираат изготвените модули на наставната програма. Од тогаш ќе почне и предвиденото  тестирање на програмата, преку обучување на илјада професионалци од градежниот сектор низ цела Европа.

Резултатите од обуката ќе го покажат напредокот на проектот и ќе придонесат за комплетирање на наставната програма, а ќе бидат дел од евалуацијата на проектот од страна на Европската комисија.

IMG_20190204_101435

Се повеќе земји во светот го воведуваат BIM како задолжителна техника на проектирање и изведба на градежните проекти, со особено нагласена задолжителност во фазата на тендери и јавни набавки.

ИЕГЕ  е прва едукативна институција во Македонија, акредитирана за професионално продолжено образование, која успеа да обезбеди воведување на оваа технологија на иднината во градежниот сектор во земјата и регионот, преку иновативен проект финансиран од престижниот европски фонд Хоризонт 2020.

Проектниот конзорциум е составен од следните реномирани високообразовни и истражувачки центри: Институт за истражување во животна средина, градежништо и енергетика ИЕГЕ од Македонија, Belfast Metropolitan Collegе и Construction Industry Training Board од Велика Британија, Future Analytics и Dublin Institute of Technology од Ирска, Instituto Superioro Tecnico од Лисабон и Енергетски институт Хрвоје Пожар од Хрватска.

Испрати коментар

Scroll To Top