Компанијата NAYADA работеше на ентериерот за новата канцеларија на ИТ компанијата Mail.Ru, која е еден од најголемите интернет-играчи во Русија. Комерцијалниот простор ги зафаќа сите 27 ката во една од кулите на бизнис центар во Москва. Како што велат вработените, тоа се „27 ката на рускиот интернет“.
Површината на новото седиште на Mail.Ru е 28.000 м2. Овој проект е спроведен во соработка со архитектонската фирма UNK Project.
Внатрешноста е специјално дизајниранa за вработените во Mail.Ru. Затоа е посветено големо внимание на удобноста и флексибилноста на сите работни единици, просторот за рекреација и комуникациски области. На влезот на седиштето, може да се види логото на познатата компанија направено од Лего мини фигури. Секој вработен, по влегувањето во новата канцеларија , избира своја мини фигура.
Постои сала за вежбање и простор за фудбал на маса, домашно кино, бар, каде што секој може да пие овошен сок или само да се релаксира и одмора.
Целиот простор е изграден врз принципот на максимална отвореност и функционалност. Стаклените прегради и врати на компанијата Nayada се користат во дизајнот во речиси секоја просторија.