Индија има намера да ја гради најголемата соларна централа на светот, која би можела да произведува околу 6,4 милијарди kWh годишно. Вкупниот инсталиран капацитет е проектиран на 4000 MW, а централата ќе биде лоцирана во Раџастан. Вкупните инвестициони трошоци се проценети на 4,4 милијарди долари.
Шест компании веќе потпишаа меморандум за соработка, а веќе има и најава за финансирање од Светска банка. Во моментот Индија има 2200 MW инсталиран капацитет од фотоволтаични модули поврзан на мрежа, додека во 2010 година оваа бројка беше скромни 18 MW.
Извор: EMP