Насловна / Вести / Србија: Повеќе илјади протестанти побараа од Владата запирање на изградбата на мали хдроцентрали

Србија: Повеќе илјади протестанти побараа од Владата запирање на изградбата на мали хдроцентрали

Повеќе илјади граѓани од цела Србија беа присутни на протестот под наслов „Кажи гласно НЕ за МХЕ“, на платото пред Филозофскиот факултет во Белград. Побарано е веднаш да се запре изградбата на мали хидроцентрали (МХЕ). Организаторот на собирот, движењето „Да ги одбраниме реките на Стара планина“, предаде барање зза прекин на изградбата до Владата на Србија и до претседателот на државата. Протестот започна со минута молчење за сите реки кои „се убиени“ со изградбата на МХЕ. Освен претставници на здружението, на собирот зборуваа и експерти односно професори од Шумарскиот и Биолошкиот факултет од Белградскиот Универзитет.

ne4

ne2

Од друга страна пак, инвеститорите кои имаат формирано национално здружение за МХЕ,  тврдат дека се работи за „злонамерна кампања“ од одредени луѓе мотивирани од политички амбиции, и дека МХЕ имаат најмало влијание врз животната средина од сите обновливи извори на енергија.

ne1

 

Испрати коментар

Scroll To Top