Европската банка за обнова и развој (EBRD), организира јавна расправа за политиките на добро управување на 28ми февруари во Белград. Политиките за кои ќе се расправа се: Политика за заштита на животната средина и социјална политика, Политика на јавно информирање и Проектен жалбен механизам. Во 2019 година, EBRD ги ревидира трите свои главни политики засновани на принципот на добро управување – ESP – Environmental and Social Policy, PIP – Public Information Policy, PCM – Project Complaint Mechanism Rules of Procedure. Овие политики се ревидираат на ревидираат на секои пет години, при што претходната ревизија е направен аво 2014 година. Во согласност со својата Политика на информирање, EBRD ги повикува организациите на граѓанското општество, своите клиенти, партнери и сите заинтересирани страни да дадат свој придонес во ревизија на политиките на добро управување.