Насловна / Архитектура / Конечниот изглед на комплексот „KoolKiel” ќе го одреди заедницата

Конечниот изглед на комплексот „KoolKiel” ќе го одреди заедницата

MVRDV објави 3Д визуелизација на комплексот со мешана намена наречен „KoolKiel“. Овој комплекс се наоѓа во Кил, Германија, а за неговиот конечен изглед ќе одлучува заедницата.
Победничкиот предлог на MVRDV за постиндустриската локација на врвот на Килскиот фјорд ќе биде прилагодуван во тек на реализацијата. Постои низа од можни опции со додатни балкони, разновидни структурални бетонски панели и различни распореди на просториите, пишува Dezeen.

1
„Оваа локација ја карактеризира динамична и креативна заедница, така штоа таа ќе биде и вклучена во проектот“, изјавил Jacob van Rijs директорот и коосновач на на MVRDV.

„KoolKiel“ не е само инспириран од заедницата, туку и овозможува и таа да влијае на предлогот. Ние ним не им претставуваме готов проект, туку ги прашуваме „Каков „Kool“ сакате?”

2

Конечен изглед на комплексот
Комплексот ќе се простира на 65.000 квадратни метри и ќе содржи и станбен и деловен простор. Проектот вклучува и реновирање на голема зграда која е складиште за ланци за бродови и место каде се печатени стриповите на Werner во ’80-тите години.

3
Секоја зграда во рамки на комплексот „KoolKiel“ ќе биде прилагодлива и обвиткана со прилагодени бетонски плочи кои се изградени во различни форми со што се упатува на „креативниот учинок на локалното население“.
Постоечката зграда на пониските нивоа ќе се трансформира во комерцијални единици. Вертикално ќе биде проширена со станови, чии форми ќе се определат во тек на процесот на проектирање.
MVRDV развил сет на различни модули за креирање на овие станови, кои можат да се комбинираат на различни начини со што вкупниот број на станови, нивната големина и распоред можат да се прилагодуваат.

4
На крајот на локацијата ќе има хотел со 250 соби. Бројот и количината на конзолните единици со балкони кои ќе се протегаат од оваа кула исто така ќе бидат дефинирани во договор со заедницата. Хотелот ќе биде поврзан со деловна кула на вториот кат и тоа со кров кој ќе формира заштитен јавен простор за настани.
MVRDV исто така вградил и низа „живи надворешни простори“ во проектот „KoolKiel“.
Кровот со трева на некои единици над продажниот простор ќе ги дуплира надворешните простори за станбените блокови и деловната кула, а помеѓу зградите ќе има и уреден двор.
Низа од мали кровови во рамки на целиот комплекс ќе се користи за потикнување на биодиверзитети, а ќе бидат вградени и соларни панели и систем за собирање на дождовница со што ќе се подобри еколошката ефикасност на комплексот.

Испрати коментар

Scroll To Top