Најголемите компании вложуваат се повеќе средства во развој на технологијата на електричните возила, од кои се очекува постепено да го превземат приматот од возилата со погон на фосилни горива, веќе во наредната деценија. Електричните возила и хибридите, би требало до 2020 година да пронајдат четири милиони купувачи, што е двојно повеќе од 2018 година, сметаат во престижната ревиизорска куќа Deloitte. Веќе во 2025 година, вкупната продажба на возила со електромотор и напојување на батерија, би требало да изнесува 12 милиони единици, а дури 21 милион на крајот на следната деценија.
Економските стручњаци од Deloitte веруваат дека електричните возила веќе во 2021 година ќе ја достигнат цената на бензинците и дизелашите. Од оваа компанија им сугерираат на производителите да ја унапредат инфраструктурната мрежа и да вложат значителни средства за маркетинг и промоција, со цел да ја забрзаат адаптацијата.