Подолг период во модерната историја облакодерите се високи објекти со униформирани фасади. Меѓутоа, со тек на времето архитектите почнале да манипулираат со екстериерите, понекогаш отстранувајќи цели делови од објектот. Зградите со отвори и дупки во конструкцијата нудат нови храбри форми кои се атрактивни, а станарите можат да уживаат во повеќе светлина која традиционалните облакодери не ја овозможуваат. Во продолжение ќе бидат прикажани најсмелите примери на облакодери кои ги „слават“ отворите во конструкцијата.
CCTV Tower (Пекинг)
„CCTV Tower“, проект на Rem Koolhaasa и Ole Scheeren од 2008. година, стана икона на Пекинг.
CCTV Tower
The Gate of the East (Суџоу, Кина)
„The Gate of the East“ е највисок објект, 302 метра во источниот кинески град Суџоу. Го проектирала фирмата RMJM сп седиште во Велика Британија, а завршен е во 2014. година. Зградата треба да симболизира влегување во градот и да ги поздравува луѓето и посака добредојде во нова и модерна Кина.
The Gate of the East
The Mirador (Мадрид)
„The Mirador“ во Мадрид претставува збир на неколку различни типови единици сложени во модуларна форма. Овој облакодер го проектирала холандската фирма MVRDV. Станбената конструкција вклучува и градина за станарите и прекрасен поглед на околните Гуадарама планини.
The Mirador
Hamburg Science Center (Хамбург)
Сеуште во изградба, објектот „Hamburg Science Center“ го проектирала реномираната фирма ОМА. овој облакодер ќе се состои од десет модуларни блокови.
Hamburg Science Center
Opus Office Tower (Дубаи)
„Opus Office Tower“ во Дубаи е проект на покојната Заха Хадид. Во рамки на зградата сместени се хотел и станови, а се очекува да биде завршена на крајот на оваа декада.
Opus Office Tower
The Umeda Sky (Осака, Јапонија)
Зградата„The Umeda Sky“ без поговор е најпрепознатлив орјентир во Осака. Ја проектирал јапонскиот архитект Hiroshi Hara. Завршена во 1993. година, висока 183 метра има палуба на врвот од објектот која има форма на прстен и од каде се простира убав поглед.
The Umeda Sky
Feng Shui Skyscrapers (Хонг Конг)
Хонг Конг е познат по својот легендарен градски хоризонт каде како на ниту едно место во светот можат да се сретнат објекти проектирани по Фенг Шуи. Сместени покрај брегот Repulse Bay, овие облакодери проектирани се врз основа на кинеската филозофија на позиционирање на објекти во согласност со природата и според поменатата филозофија имаат влијание на просперитетот на станарите кои живеат во нив.
Feng Shui Skyscrapers