Проектирана од австриското студио Bernardo Bader Architects, оваа двокатна структура презентира беспрекорно изведен склоп на два типа на дрвена обвивка и соголена, груба бетонска ѕидна површина, која доминира во одредени сегменти од ентериерот.
Со цел да се придонесе за вивидноста и топлината во безбојната еднолична и смирена внатрешност, слободните површини се исполнети со расфрлани перници во разноврсни светли нијанси.
Главниот пристап во градинката е позициониран во северниот агол на објектот, насочувајќи ја трасата на движење кон централно лоби каде децата би можеле да се социјализираат помеѓу себе.
Споредниот влез кон истиот простор е дефиниран од низа стаклени врати кои водат кон детското игралиште, додека пак дрвеното скалиште обезбедува непречен пристап кон првото ниво на објектот.
Училниците и останатите просторни партиции се диференцирани во зони, со цел да се креираат пет различни одделенија, организирани така што две од нив се наоѓаат на приземјето, а останатите на првото ниво.