Дури осум објекти проектирани од славниот американски архитект Френк Лојд Рајт најверојатно ќе се најдат на листата на УНЕСКО.
За време на неговата долга кариера, Френк Лојд Рајт, меѓу другото, успеа да направи имиџот на класичниот американски дом да стане ужасен и да му направи нешто навистина возбудливо. Иако поминаа 60 години од неговата смрт, никогаш не се заборавени делата на Рајт и сè уште се присутни на архитектонската сцена, или во форма на ЛЕГО скулптури, функционални минијатури или колоритни дигитални рендери. И судејќи според ова неговото влијание, се чини, не се намалува.
Организација посветена на зачувување на Рајтовите дела во ноември предложи осум од неговите најпознати објекти, за кои се смета дека заслужуваат да бидат наведени на списокот на светско наследство на УНЕСКО.
Конечната одлука за вклучување на овие дела на горенаведената листа ќе биде издадена и објавена во јули.
1. Taliesin West
Куќата на Рајт во Аризона била неговата интимна зимска резиденција во средината на пустината Аризона, во која тој го поминал поголемиот дел од своето слободно време. Денес таа е центар на Фондацијата „Френк Лојд Рајт“ и на архитектонската школа со истото име.
2. Fallingwater
Во текот на триесеттите години, сметана е за круна на органскиот пристап на Рајт кон архитектурата, и денес се смета за едно од најзначајните дела во неговата кариера. Куќата ја завршиле неговите клиенти, Едгар и Лилиан Кауфман, на кои архитектот им посакал водопадот да стане составен дел од нивниот живот.
3. Музејот Гугенхајм во Њујорк
Ова е обожувано дело кое засекогаш ќе остане поврзано со името на познатиот архитект. Долго време било сметано за едно од најважните архитектонски објекти во САД.
4. Taliesin
Домот со кој Рајт почна необична архитектонска авантура. Тој го подигнал заедно со своето семејство на имотот на неговиот дедо и го нарекол Taliesin по античкиот велшки поет. Во него Рајт живеел, го држел своето студио, потоа школата, како и огромниот земјоделски имот.
5. Прериска куќа во Чикаго
Долга хоризонтална куќа, наизглед направена од два правоаголници, е една од раните дела на Рајт со која тој дефинира посебна насока во станбената архитектура – свој препознатлив прериски стил.
6. Храмот на единство
Откако по удар на молња, трагично изгорела Универзалистичката црква која била на ова место, реставрацијата на објектот доделена му е токму на Рајт. Новиот објект е поделен во две целини – световна и духовна, кои се поврзани со долг ходник и во кои вкупно можат да се сместат 400 верници.
7. Куќа на семејството Џејкобс
На почетокот на 20 век, Рајт го осмислил терминот „Usonia“ и ја дефинирал својата визија за нова прифатлива архитектура која се ослободила од европските конвенции и одговарала на американскиот пејзаж. Неговата економична куќа во Медисон одлично се вклопува во овој опис, а интересно е дека нејзината изградба чинела само 5.000 долари. Подоцна, биле направени промени во кујната која попримила влијание од класичниот американски ранчерски стил.
8. Холихок
Стилот по кој Рајт се водел во текот на проектирањето на оваа необична калифорниска куќа тешко е да се карактеризира, но несомнено е дека се работи за мошне предизвикувачки проект со уникатен изглед. Осмислен како пола куќа пола градина, овој објект го красат бројни тераси, колонади и перголи кои внатрешниот простор го поврзуваат со надворешниот. Умерената калифорниска клима, овозможила поставување на бујна тераса на покривот со прекрасен поглед на Лос Анџелес и холивудските ридови.
Ова може да ни послужи како пример како треба да се однесуваме со нашата архитектура и конечно да научиме да ги вреднуваме и заштитиме објектите од модерната.
Препознавањето и вреднувањето на нашето архитектонско наследство мора да биде еден од нашите најважни цели. Денеска сме сведоци на уништување на автентичноста на многу значајни објекти во Скопје под изговор „разубавување“ на фасадата или „енергетска ефикасност“, па така многу објекти се непрепознатливи како што се: објектот на Владата на РМ, стоковната куќа НАМА, Министерството за правда, заобиколувањето и целосното исклучување на објектот на МОБ од погледи и пристап до реката, обложување на фасадите на средни училишта. Исто така и негрижата за објектите кои засега успеаја да се спасат од рефасадирање стилско или енергетско е недозволива и претставува елементарно незнаење и непочитување.