Насловна / Вести / Белград: Проблеми со реализација на проектот за постројка за спалување отпад

Белград: Проблеми со реализација на проектот за постројка за спалување отпад

Владата на Србија, донесе одлука за поништување на решението на Министерството за заштита на животната средина за опсегот на студијата з аоценка на влијанието врз животната средина на проектот за изградба на постројка за спалување отпад во Винча, и наложи повторување на постапката. Оваа одлука следува откако Иницијативата „Не давимо Београд“ поднесе жалба. Станува збор за проект договорен уште во 2017 година по моделот на јавно приватно партнерство помеѓу Град Белград и француската Suez  и I-Environment Investments.

vinca1

Проектот треба да овозможи затворање и санација на една од најголемите активни депонии во европа и производство на топлинска и електрична енергија во когенеративен циклус, со капацитет на преработка на 340.000 тони отпад годишно. Постројката требаше да започне со работа оваа година. Но, договорот за изградба на оваа постројка „поставува значително повисоки трошоци за финансирање во ова партнерство на товар на граѓаните“ се наведува во соопштението на иницијативата која ја „сруши“ еко студијата. Имено, со договорот се предвидени обврски за Град Белград од најмалку 38 милиони евра годишно, а за нивното исполнување неодамна се најавени нови такси за третман на отпадот.  CEE Bankwatch Network, една од најголемите мрежи на граѓански организации кои се занимаваат со заштита на животната средина во сентрална и источна Европа, наведува дека еден од главните проблеми во врска со проектот е фактот дека 68% од отпадот во Белград може да се спречи, рециклира или компостира, а со проектот се предвидува негово спалување. Ако Белград не почне забрзано да генерира многу повеќе отпад, можна е измена на законот и овозможување увоз на отпад со цел исполнување на договорните обврски за количините на отпад кон приватниот партнер. Дополнителен проблем е фактот што Србија не ќе може да ја достигне целта за рециклирање на отпадот поставена од ЕУ (50% до 2020 година), доколу главниот град го спалува отпадот. Покрај тоа,  Bankwatch предупредува и дека граѓаните ќе мораат да плаќаат такса за управување со отпадот, како и  feed-in тарифа за електричната енергија која ќе се произведува во постројката во Винча.

Vinca2

vinca3

Испрати коментар

Scroll To Top