Утре во 14 часот ќе се одржи вонредна седница на Советот на Општина Центар со единствена точка, загадувањето. Седницата е отворена за граѓаните и сите медиуми се поканети.
Иницијатор на седницата и прдлагач на точката е претседателката на Советот.
Општината најви низа мерки и активности за време на високиот степен на загадување на воздухот. Мерките кои Општината вели дека ги спроведува се:
– прекин на сите градежни активности
– засилени инспекциски надзори
– инспекциски надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла
– спроведување на одлуката за дотур на стока
– дежурен број за пријава на прекршувања
Дали градилиштата се активни не може да се сокрие. Па така евидентно е дека градилиштата во општината се активни и покрај забраната, особено оние кај „Беко“ и градилиштето на Лимак, кои се најголеми во општината. Вонредната седница не е случајна. На седницата треба да се достават материјали кои треба да покажат дали навистина се спроведуваат предвидените мерки и дали инспекциските служби излегуваат на терен и си ја вршат доследно својата работа.