Насловна / Вести / Русите ангажирани за санација на проблемите во нуклеарката Фукушима

Русите ангажирани за санација на проблемите во нуклеарката Фукушима

Руската државна компанија „Росатом“  ќе и помогне на Јапонија во чистењето на последиците од катастрофата на нуклеарката Фукушима во 2011 година, и ќе биде ангажирана во планот за нуклеарна контрола. Уште во септември 2017 година, од управата на оваа компанија изјавиле дека им понудиле помош на своите јапонски колеги.

Rosatom1

Комплетната декомисија на уништените реактори би можела да трае и неколку децении со вкупни трошоци кои можат да надминат и 200 милијарди долари. Јапонија планира повторно стартување на 16 од вкупно 45-те реактори. Исто така, државата сака да го намали уделот на нуклеарната енергија во енергетскиот микс од 29 отсто во 2011 година на 21 отсто до 2030 година.

Rosatom2

Испрати коментар

Scroll To Top