Насловна / Вести / И покрај многуте пречки Црна Гора не се откажува од хидроцентралата на Морача

И покрај многуте пречки Црна Гора не се откажува од хидроцентралата на Морача

Планот за изградба на хидроцентрала на Морача и натаму е на листата на приоритетни инфраструктурни проекти на црногорскиот Секретаријат за развојни проекти, иако претходно од Европа стигнаа препораки да се разгледа стопирањето на овој проект.

Двете најголеми еколошки организации од Европа, Ривервоч и Еуронатур, пред крај на минатата година ја објавија публикацијата „Еко-мастерплан за реките на Балканот“, во која поради хидролошките и биолошките вредности препорачуваат изземање на Морача од плановите за изградба на хидроцентрала.

Moraca1

Морача е меѓу поважните реки на Балканот, а единствена е и поради нејзината поврзаност со Скадарското езеро, најголемото природно езеро на Балканскиот полуостров. Во тој систем на реката и езерото живеат околу 33 загрозени видови риби, а дури и езерските видови зависат од функционирањето и слободниот тек на Морача.

Вредноста на проектот за изградба на хидроцентралата на Морача изнесува околу 500 милиони евра.

moraca2

moraca3

Испрати коментар

Scroll To Top