Овој нов проект на одделението за администрација и право е дел од развојната политика на кампусот на Универзитетот во Виена, кој е во тек. За проектот се одговорни архитекти од австриското студио CRAB.
Резултатот е жив и динамичен објект, кој се состои од простори, кои ги задоволуваат потребите на учениците и наставниците во текот на наставата, но и надвор од училишните активности.
Проектот се состои од два издолжени објекти, кои го врамуваат централниот плоштад, поврзувајќи ги просторите и урбаниот пејзаж.
Светлите и силно обоени фасади го создаваат колоритот на дизајнот, додека вертикалните ролетни направени од дрво ги штитат внатрешните простори од прекумерно сончево зрачење, истовремено вклопувајќи се во шумската околина.
Различните нивоа како да излегуваат едни од други, формирајќи надворешни и кровни тераси, каде што студентите и наставниците можат да се состануваат, разговораат и дебатираат.
Исто така, се планира со текот на времето структурата да обрасне во густа вегетација, и на тој начин уште повеќе да се вклопи во животната средина.