Ако ја следите јапонската архитектонската и дизајнерска сцена, тогаш сигурно знаете за студиото Nendo.
Основано од страна на Oki Sato, ова уметничкото студио е ценето име, кога станува збор за необични инсталации, ентериери и производи за нашите домови. Неодамна ја претставија својата колекција на мебел која дефинитивно носи епитет досега единствено и невидено.
Наречена Melt, оваа серија мебел која е формирана со гравитација, всушност е резултат на уникатен и комплексен производствен процес. Таа настанала како дело на брендот Nendo во соработка со WonderGlass, а претставува квалитетно дефинирани предмети со единствени облини и детали.
Во поголем дел колекцијата се состои од едноставни лачни форми, кои се упарени со рамни панели, како би се формирале елегантни столици, столчиња, маси, клупи, претставувајќи ги маните како дистинктивни детали.
Коментирајќи ја оваа соработка, Sato изјавил: „Бев инспириран од работилниците на WonderGlass, начинот на кој работат луѓето и го користат стопениот материјал. Главната идеја беше да се пушти стаклото самостојно да тече со помош на гравитација и самата тежина на стаклото. На тој начин, рабитејќи помалку, постигнавме повеќе, што не е нималку едноставно“.
Nendo x WonderGlass Melt колекцијата за прв пат ќе биде претставена на јавноста на IMM Cologne 2019, a потоа ќе дебитира и на саемот Salone del Mobile во април оваа година.