Насловна / Архитектура / Совршено вклопување во околината

Совршено вклопување во околината

норвешка преполовен дом_09

Совршена зима за многумина значи север и заминување во некои од скандинавските планинарски куќи и сместувалишта. Еден таков објект најдовме во Норвешка, а проектот е потпишан од страна на архитектонското студио Reiulf Ramstad Arkitekter (RRA). Куќата се наоѓа во близина на селото Geilo, популарна ски-дестинација во долината на Hallingdal. Се наоѓа во прекрасна долина, а и вон зимската сезона обезбедува можности за пријатни прошетки и планинарење.

норвешка преполовен дом_10

норвешка преполовен дом_11

норвешка преполовен дом_12

норвешка преполовен дом_13

Планинарскиот дом Split View е продолжение на норвешката градителска традиција; со материјалот, формата и стилот е совршено интегриран во животната средина. Куќата се состои од главен дел кој ги следи линиите на земјиштето, со што се поделена на две одделни станбени крила кои содржат спални. На главниот дел на куќата е додаден и трет дел, и на тој начин, се креира триделна структура од која секоја функционира поединечно, овозможувајќи прекрасен поглед низ големите стаклени ѕидови. Во срцето на куќата се наоѓа и кујна што ги поврзува сите три делови од куќата и овозможува место за дружење, а тука е сместен, исто така, и камин. Нерамниот терен е заслужен за слоевитоста и различни нивоа на подови.

норвешка преполовен дом_04

норвешка преполовен дом_05

норвешка преполовен дом_06

норвешка преполовен дом_07

норвешка преполовен дом_08

Од кујната скалите водат во посебни соби за јадење и релаксација. Скалестите нивоа, исто така, овозможуваат приватност, а архитектите посебно внимание обратиле на деталите. Лизгачки врати ја придружуваат секоја од спалните, а тука се и бањата со сауна. Главната спална соба, исто така, има голем страничен стаклен ѕид за гледање на ноќното небо, додека во детските спални соби се наоѓа кревети на кат за да се заштеди во простор. На едниот крај на ходникот се наоѓа мезанин и мал дневен простор, од којшто, исто така, се нуди поглед низ големите стаклени ѕидови.

норвешка преполовен дом_03

норвешка преполовен дом_01

 

Испрати коментар

Scroll To Top