Светскиот фестивал на мразот во кинескиот град Heilongjiang, прв пат бил организиран во 1985 година и од тогаш неговите посетители од година во година можат да уживаат во спектакуларни дворци и скуплтури направени од мраз.
Со користење на 120 кубни метри мраз и 111 кубни метри снег, илјадници уметници во изминатите 34 години на температура и од -35 степени прават вистински уметнички дела. Едно од нив има добиено и Гинис за најголема склуптура од мраз и тоа со висина од 8,5 метри и должина од дури 250 метри.
На овогодинешниот фестивал може да се видат повеќе од 100 ледени објекти и скулптури, кои ги имаат креирано 12 уметници од различни земји во светот, а некои од нив се вистински архитектонски ремек дела.
Фестивалот во Heilongjiang, кој до сега го имаат посетено 18 милиони луѓе, е отворен до 5 февруари кога ќе заврши ледената бајка.