Насловна / Градежништво / Малите хидроцентрали ќе одат во пакет

Малите хидроцентрали ќе одат во пакет

mali hidrocentrali

Пред десетина дена се објави повикот за 80 нови мали хидроцентрали, 48 од нив ќе бидат дадени под концесија групирани  во 16 пакети, а 32 ќе бидат дадени под концесија поединечно.

„Очекуваме да привлечеме домашни и странски инвеститори и реализацијата на овие 80 хидроелектрани да чини 170 милиони евра.  Кога целосно ќе се комплетира , ќе има влијание врз градежниот сектор додека се гради и ќе отвори нови работни места за време на нивната градба, а секако ќе отвори и значајна бројка на нови работни места откако ќе бидат изградени“, изјави премерот Никола Груевски.

Премиерот додаде дека она што е најважно е дека ќе учествуваат со 64 мегавати во електро енергетскиот систем на Р. Македонија и ќе го зајакнат снабдувањето а истовремено ќе ја подобрат и еколошката состојба во  производството на електрична енергија

„Станува збор за интересен пакет кој  го конструиравме на начин да биде поатрактивен за инвеститорите затоа што некои од хидроелектраните не се толку атрактивни сами по себе, но ставени во пакет со други поатрактивни ќе бидат поинтересни за  инвеститорите“, потенцираше Груевски.

Предвидено е градбата да трае околу три години, и 20 години да има експлоатација на тие хидроелектрани.

Испрати коментар

Scroll To Top